fbpx

Јапонија ги елиминира конвенционалните мотори до 2035

Јапонија сака да ја елиминира продажбата на возила со мотори на внатрешно согорување за околу 15 гоидни и сака да стане држава без CO2 до 2050

Амбициозниот план на Јапонија за откажување од автомобилите кои користат конвенционални горива е најавен од страна на премиерот на државата Јошихиде Суга. Според планот, автомобилската индустрија треба да биде carbon-free до средината на 2030-тите години со потпирање на обновливата енергија и водородот. Зборувајќи за намерите на Јапонија да достигне нула емисија на CO2 за 30 години, Суга истакна дека зелените инвестиции не треба да бидат товар, туку наместо тоа, шанса за раст и развој.

CBS News истакнува дека стратегијата на Јапонија го отцртува патоказот за постигнување на своите цели преку различни сектори и проектира зголемување на побарувачката на електрична енергија за 30-50 проценти. Планот исто така предвидува тројно зголемување на употребата на обновливи извори и енергии, како и зголемување на употребата на нуклеарна енергија.

За да се охрабри пренасочувањето на обновливите извори, јапонската влада ќе воведе даночни олеснувања и друг вид на поддршка. Суга предвидува годишен раст од 90 трилиони јени (870 милијарди долари) до 2030 година и 190 трилиони јени (1,8 трилиони долари) до 2050 година според планот.

Потегот на Јапонија за да ги елиминира бензинските возила не е добредојдена од сите во индустријата. Напротив, претседателот на Toyota, Акио Тојода неодамна јавно ги критикуваше електричните возила и изјави загриженост дека политичарите премногу брзо и силно туркаат да се забранат возилата со конвенционален погон.

 

„Кога политичарите ќе излезат и ќе кажат ‘Ајде да се ослободиме од возилата кои користат бензин’, дали сфаќаат што зборуваат?“, запраша тој неодамна за време на Japan Automobile Manufacturers Association. Тој исто така истакнува дека Јапонија најголем дел од својот електрицитет го добива од согорување на јаглен и природен гас, со што електричните возила всушност нема да помогнат со зачувување на околината.

Поврзани вести

Back to top button