fbpx

Како е снимен Bugatti Chiron при 400 km/h

Bugatti Chiron во 2017 година постави светски рекорд според времето потребно за забрзување од 0 до 400 километри на час, кога станува збор за продукциски автомобил

Bugatti Chiron успеа во 2017 година за 41,96 секунди да стигне од 0 до 400 километри на час што претставува светски рекорд според забрзувањето за еден сериски автомобил кој е легален за патиштата, а на Chiron му беше потребна дистанца од само 3,112 километри за да го достигне сето ова.

Но, како што самиот подвиг на Bugatti предизвика внимание, истото се случи и со самата видео снимка. Се појавија голем број на теории за тоа како сето ова е снимено, постоеше информација дека автомобилот кој се движи со голема брзина е сниман од страна на човек кој се наоѓа во друг Bugatti Chiron кој возел паралелно, а бил управуван од страна на славниот возач во Formula 1, човекот кој своевремено го држеше рекордот за најбрзо возење, Хуан Пабло Монтоја.

Иако Koenigsegg му го одзеде тронот на Bugatti, видеото кое е објавено се уште е вистинско уживање да се гледа. Еден член од продукцискиот тим објави ново видео на YouTube кое овозможува поглед зад сцените за да се види како тие го снимија достигнувањето на Chiron од 400 километри на час. Една од целите е да се сними брзината без ниту еден филмски трик. Затоа, одлучија да ја направат вистинската работа, односно да ја прикачат DJI X5 камерата на задниот дел од уште еден Bugatti Chiron и двата автомобили да тргнат во исто време, што воопшто не е лесно и им биле потребни неколку обиди за да погодат.

Со видеото кое е објавено се разрешува и секоја мистерија која постоеше. Може да се забележи и дека мал дрон стои зад првиот Bugatti Chiron, додека во тој момент вториот тргнува со цел да ги достигне фамозните 400 километри на час, а снимката е толку добро обработена, што во монтажата морале малку и да ја „растресат“ камерата со цел да внесат живост во неа. Во видеото се гледаат и некои други детали и трикови кои се користени за да се добие вистинската снимка, a во продолжение е прикажано и конечниот производ и како изгледаше светскиот рекорд на Bugatti Chiron уловен на камера.

Поврзани вести

Back to top button