fbpx

Милијардерот Лоренс Строл откупи речиси 17 проценти во Aston Martin

Конзорциумот кој го предводи канадскиот милијардер купи удел во Aston Martin од 16,7 проценти и тоа за 182 милиони фунти

Покрај тоа што откупи дел од акциите, Лоренс Строл покрај споменатата сума ќе уплати уште 300 милиони фунти, така што Aston Martin ќе добие приход од речиси половина милијарда фунти, пари кои се повеќе од потребни во овој момент за британскиот производител на луксузни автомобили.

Во конзорциумот покрај Лоренс Строл се наоѓаат и Ентони Бенфорд, Ендрју Демара и Стар Чоу. Така, купувањето на уделот во Aston Martin ќе има големо влијание и на Formula 1, бидејќи од 2021 година екипата Racing Point ќе настапува под „знамето“ на британската компанија во најбрзиот циркус на светот. Британскиот бренд потврди дека ќе се врати во престижното натпреварување во 2021 година по цели 60 години. Од друга страна, Aston Martin својата соработка со Red Bull Racing ќе ја прекине кон крајот на годината.

Во соопштението за јавноста од страна на производителот од Велика Британија стои дека на ваков чекор бил приморан поради „разочарувачките резултати остварени во претходната година. Во рамките на речиси половина милијарда фунти се наоѓаат и 55 милиони фунти кои би требало да бидат моментално „вбризгани“ во финансискиот систем на британскиот бренд, со цел да се забрза производството на моделот DBX пред кого се големи предизвици.

Исто така, Строл ќе се приклучи во одборот на директори на компанијата Aston Martin како извршен претседател. На таа функција тој ќе ја замени Пени Хјуз која ќе си поднесе оставка, соопштија од компанијата.

Раководството на Aston Martin верува дека DBX ќе успее да донесе нови купувачи на брендот, но и самостојно значително да го зголеми нивото на продажба.

Поврзани вести

Back to top button