fbpx

Kia добива нов слоган заедно со новото лого

Корејскиот производител Kia полека го менува својот корпоративен идентитет, пред се својот слоган и своето лого, со цел да се рефлектира новото време

Kia се подготвува за големи промени во својата филозофија, а за таа цел ги менува своите лого и слоган. Така, препознатливиот „The power to surprise“, заминува во историјата, а на негово место доаѓа новиот слоган кој гласи „Movement that Inspires“.

Барем така велат податоците кои протекоа од Корејската канцеларија за интелектуална сопственост, односно ова е слоганот кој автомобилскиот производител го заштитил пред извесно време. Како што пренесува Korean Car Blog, заштитниот знак вклучува нов слоган и ново лого.

Новото лого го отфрла стариот овал, во корист на минималистички „претопувачки“ натпис. Инаку, ова лого Kia го покажа со својот Imagine концепт во 2019 година и оттогаш е забележан на голем број шпиунски фотографии. Главната канцеларија на Kia, во меѓувреме, го тргна старото лого, веројатно да направи простор за новото.

Корејскиот производител можеби ќе одлучи да тргне по стапките на Volkswagen. Германската компанија неодамна го редизајнираше своето лого и објави фотографии од новото лого како е поставено на главната зграда на компанијата во Волфсбург.

Kia во моментов е на средина од својот петгодишен план, во кој има за цел да се реосмисли себе си околу електричните возила и мобилност. Хо Сунг Сонг, новиот глобален шеф, неодамна истакна дека сака компанијата да биде „подинамична, постилска и поинвентивна“.

Компанијата исто така планира да донесе 11 електрифицирани возила на пазарот до 2025 година и да има 7 електрично возила во својата постава до 2027. Исто така, Kia работи напорно за да создаде репутација на попрестижен бренд, лансирајќи стилски автомобили на пазарот. Ново, стилско лого може да му помогне на брендот да го оттргне стариот имиџ на буџетно достапни автомобили. Новиот слоган, „Movement that Inspires“, исто така би можел да помогне, во напорите на Kia да создаде нов имиџ за себе на пазарот.

 

Поврзани вести

Back to top button