fbpx

Kia со нов Forte седан во Детроит

Kia понуди први официјални скици од следната генерација на седан моделот Forte, кој ќе го има своето деби за време на автомобилскиот салон во Детроит следната недела

Најлесно визијата на моделот може да се опише како смален Stinger или барем за такво нешто навестуваат фотките. Ова е автомобил со слична големина на сегашниот модел, но со многу подинамично претставување. Внатрешноста во одреден степен наликува на актуелната генерација на Forte, главно поради присуството на голем централен дисплеј кој излегува надвор од кутијата, а не е вграден во него.

Forte

Kia Forte

Подолу е контролорот за климатизација, а секако новината подразбира и автоматски менувач. Forte седан изведбата ќе биде првото возило од обновеното компактно семејство на корејскиот бренд. Набргу потоа, ќе го видиме Forte5 хечбек, како и Forte Coupe.

Поврзани вести

Back to top button