fbpx

Kia Stonic доби GT Line издание

GT Line портфолиото на Kia продолжува да расте, откако и малиот кросовер на компанијата, моделот Stonic, доби свој третман

Малиот јужнокорејски кросовер, Kia Stonic, сега има нов GT Line трим. Stonic веќе мина низ рестилизација претходно годинава, а сега добива и ново издание што ќе биде и врвот на понудата кај овој модел на Kia.

GT Line портфолиото продолжува да расте, а Stonic е најновиот модел кој добива ваков третман. Статнува збор за пакет на опрема, па тука нема некои механички промени кај автомобилот. Напротив, станува збор за атрактивен трим кој Stonic го прави уште попривлечен во однос на стандардното издание. Kia Stonic со GT Line добива поагресивен изглед, пред се благодарение на двобојниот финиш на каросеријата со жолта контрастна боја, додека автомобилот е поставен на 17-инчни тркала.

Kia Ѕtonic GT Line пристигнува со уникатна предна решетка и ревидиран браник со нови отвори за воздух. Тука се и сребрените акценти на долниот дел од предната страна, со што се комплетираат промените на екстериерот, кој пак може да се добие во шест главни бои и жолт или црн покрив. Во внатрешноста промените се посуптилни, но сепак тука е новиот тапацир и управувач обложен со кожа и GT Line обележја.

Stonic GT Line

Под хаубата останува истиот 1,0-литарски бензински трицилиндричен мотор Stonic во комбинација со блага 48V хибридна технологија. Моторот пристигнува во две конфигурации со 100 или 120 КС. Во понудата се наоѓа шестстепен мануелен менувач, или пак седумстепен автоматски менувач, додека моќноста се испраќа на предните тркала.

Поврзани вести

Back to top button