fbpx

Knight Vision R e модерна верзија на Shelby Cobra

Knight International е најпознат по продавањето на ретки хиперавтомобили, но сега одлучија да си ја пробаат среќата со производство на автомобили

Првиот модел на компанијата е наречен Knight Vision R и има за цел да го комбинира изгледот на класичните тркачки автомобили од 60-тите години, заедно со „највисоките стандарди“ на денешницата. Knight Vision R е јасно и забележливо инспириран од AC/Shelby Cobra, но се карактеризира со карбонска каросерија, со модерен систем за заштита. Исто така, забележливи се и карбонски преден сплитер, отвори за воздух кај задните тркала, а од компанијата истакнуваат дека моделот ќе има титаниумски издувен систем како и карбонски фелни кои се поддржани од карбон-керамички сопирачки систем.

Knight Vision R

Од Knight не објавија фотографии од внатрешноста, но истакнаа дека Vision R ќе има карбонски Recaro спортски седишта, комплетна инфозабавна „придружба“ и нешто што е збунувачки но звучи дека информациите за возилото ќе бидат проектирани во видното поле на возачот преку специјална кацига, нешто налик проширена реалност (AR).

Knight Vision R

Возилото се напојува со 5,2-литарски V8 мотор кој испорачува 771 КС кои се пренесуваат на задните тркала. Тука се и двата електромотори кои испорачуваат 355 КС и ги напојуваат предните тркала. Ова ќе му овозможи погон на сите четири тркала на автомобилот и комибинрана моќност од 1.125 КС.

Производството ќе биде ограничено на 500 единици, а цените ќе стартуваат од 500 или 600 илјади долари. Сепак, засега нема информации кога производството ќе започне.

Поврзани вести

Back to top button