fbpx

Криза за механичари за електрични автомобили

Во најскоро време автомобилската индустрија или попрецизно електричните возила ќе почувствуваат акутен недостаток на квалификувани кадри, кои треба да ги сервисираат овие автомобили

Ова е заклучокот од истражувањето спроведено во Велика Британија, што покажало дека само 3% од механичарите кои работат во сервисите, се квалификувани да работат на електричните возила. Кај инженерите ситуацијата не е толку драматична, но таму исто така се очекува недостаток.

Се претпоставува дека ситуацијата е слична и во повеќето земји во Западна Европа и Северна Америка, а за Источна Европа се уште нема податоци. Сепак, за нашиот дел на континентот неодамна се појави информација од претставништва на големи автомобилски компании како Renault и Volkswagen, кои најавија дека редовно спроведуваат обука и курсеви за својот технички персонал.

електричните возила

Истражувањето во Велика Британија покажа дека главниот град Лондон е единствениот град кој одговара на барањата за целосна употреба на голем број електрични возила, бидејќи инфраструктурата за полнење и сервисирање е во доволен број.

Се очекува дека до 2020 година бројката електрични и plug-in хибриди на британските патишта ќе надмине еден милион и дека тогаш ќе дојде и првата криза за обучени кадри, како и за станици за полнење.

Поврзани вести

Back to top button