fbpx

Лос Анџелес 2017: Запознајте го најмоќниот караван во светот

Премиерата на новиот караван на Porsche се одржува во Лос Анџелес, каде што Германците објавија дека со негово лансирање создаден е всушност најмоќниот караван во светот

Спортскиот караван на Porsche, познат како Panamera Sport Turismo, е многу динамичен, но тоа не беше најмоќниот и најбрз стандарден караван. Тurbo S E-Hybrid Super Hybrid, направен на иста основа, може да се пофали со одлична динамика, a исто така и подобrи возни својства. Сега Porsche направи еден вид на симбиоза на двете модификации опишани погоре, а резултатот е зачудувачки – Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo.

1 | караван
2 | караван
3 | караван

    Во автомобилот има четири-литарски V8 бензински мотор кој е опремен со два турбополначи. Нему му помага електромотор со моќност од 100 киловати (136 КС). Само бензинската единица има 550 коњи, а целиот погон располага со 680 КС. Максималниот вртежен момент е 850 Nm. Импресивните бројки ги исфрлија директните конкуренти. Да потсетиме дека универзалната Audi RS 6 Avant Performance има 605 КС, а Mercedes-AMG E 63 S 4Matic е со 612 КС. Panamera Turbo S забрзува од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди, а максималната брзина е 310 km/h.

    Поврзани вести

    Back to top button