fbpx

Лос Анџелес 2017: Saleen S1 со моќност над 450 КС

Американскиот производител на луксузни возила Saleen, го претстави својот нов S1 модел во салонот во Лос Анџелес

Американскиот производител на луксузни возила Saleen, кој веќе е дел од кинеската групација Jiangsu Saleen Automotive Technologies Group (JSAT), го претстави својот нов S1 модел во салонот во Лос Анџелес. Купето со две врати се базира на Artega GT и се напојува со мотор со турбо полнач создаден од Saleen. S1 е изграден врз алуминиумска шасија, а каросеријата е од композитни материјали.

Saleen

Моторот е 2.5- литарски, 4- цилиндерски турбо, со 457 КС и вртежен момент од 475 Nm. Трансмисијата е преку механички менувач со 6 брзини. Во подоцнежна фаза, клиентите ќе можат да нарачаат автоматски менувач. Тежината на S1 е 1.218 килограми, максималната брзина му е 290 km/h, a до „стотка“ забрзува за 3,5 секунди.

Saleen

На почетокот S1, односно првата серија, ќе се составува во САД. Целиот процес потоа ќе биде префрлен во фабриката на JSAT, во близина на Шангај. Првите испораки на клиентите започнуваат во текот на летото, а основната цена на S1 ќе биде 100.000 долари.

Поврзани вести

Back to top button