Новите правила за влез во центарот на Лондон
Новите правила веќе стапија на сила, а според нив како истакнуваат градските власти сите сопственици на стари и не еколошки автомобили ако сакаат да влезат во центарот на британската метропола ќе мора да платат дополнителни 10 фунти на ден во однос на досегашната такса за истите
Мерката ќе влијае врз автомобилиоте со бензински и дизел мотори кои се произведени пред 2006 година. Експертите од општината на Лондон пресметале дека секојдневно оваа такса ќе му донесе приходи на општинското претпријатие „Транспорт во Лондон“ (TfL) од најмалку 65.000 фунти. Всушност сопствениците на стари возила ќе плаќаат 21,50 фунти, за да влезат во центарот на Лондон, каде веќе некое време е воведена такса од 11,50 фунти за сите автомобили, без разлика на нивната старост.
Воведувањето на последната мерка беше изгласана пред доста време. Тоа овозможи голем дел од сопствениците на постари дизел автомобили да се откажат од нив. Минатата година околу 10.000 такви возила беа на списокот на регистрираните, но оваа листата е сведена на само 6.500.
Low emission zone
Градоначалникот на Лондон Садик Хан планира да создаде област на „ниско загадување” во градот до 2020 година. Согласно правилата, влегувањето во неа ќе ги чини сите возачи на дизел автомобили регистрирани до септември 2016 година и на бензински регстрирани до 2006 година, по 12,5 фунти. Износот ќе важи за целиот ден, а не како што е сега, од 07:00 до 18:00 часот.