Lotus заговара за нов ривал на Porsche Boxster
Британскиот бренд Lotus во иднина може да понуди помал спортски модел кој би го носел добро познатото име Elan
Иако Lotus нема лансирано нов автомобил од 2008 година, наскоро тоа би можело да се смени благодарение на финанасиската помош од Geely. Британскиот бренд планира да ја прошири својата палета со нов прифатлив спортски автомобил. Новиот Elan би бил дел од сегментот на спортски автомобили, кој ќе вози на нова платформа што ја развива британскиот бренд и е направена од алуминиум и композитни материјали.
Компанијата работи на доста агресивен бизнис план, нов автомобил кој може да се очекува во скоро време. Од Lotus изјавија дека иако електричните автомобили се иднината, сепак тоа нема да биде единствениот погонски систем на кој работат.