fbpx

Маркез со рекордна деветта победа по ред во Германија

Возачот на Honda, актуелниот шампион Марк Маркез, ја забележа деветтата последователна победа (во сите класи) за ГП на Германија. Ова беше успешна трка и за Yamaha, која значително ги подобри своите перформанси, Валентино Роси и Маверик Винилес ги освоија второто и третото место.

Маркез едноставно беше во елемент, би додале во свој стил, за целиот натпреварувачки викенд во Германија. Најнапред беше супериорен во квалификациите и ја освои пол-позицијата, остварувајќи при тоа нов апсолутен рекорд на извозен круг. До победата стигна возејќи сигурно и со новите бодови ја зголеми предноста во генералниот пласман, која сега изнесува 46 поени, пред почетокот на летната пауза во шампионатот.

маркез

Сепак на стартот на трката, возачот на Ducati, Хорхе Лоренцо се обиде да му ги помати сметките на шампионот. Тргна како од катапулт и се најде пред Маркез. Во даден момент сонародникот на Маркез диктираше темпо, но по четири круга, возачот на Honda ги презеде конците во свои раце. По ова и Роси почна да забрзува и да го напаѓа Лоренцо. По три круга „Докторот“ ја искористи грешката на поранешниот тимски колега и излезе на второ место. Но, Маркез веќе беше доста понапред. Докторот го евидентира по ова најбрзиот круг во трката во тоа време и речиси почна да го намалува заостатокот. Маркез одговори уште подобро на следниот круг и најави дека нема лесно да ја испушти победата во своите раце.На крајот, Марк беше 2,1 секунда пред Роси.

маркез

Виналес повторно започна слабо трката, но во текот на трката го мина двоецот на Ducati, Лоренцо и Довициозо, за да пред самиот финиш се најде и пред Данило Петручи, кој остана четврти, а петтото место си освои извонредниот на оваа трка Алваро Баутиста. Трката на Заксенринг беше негова најдобра сезонава и Шпанецот се надева тоа ќе е стимул за да се бори за слободното место во новиот сателитски тим на Yamaha. Лоренцо на крајот остана шести, а неговиот клупски колега Даниел Довициозо беше седми. Дани Педроса на Honda и Јан Жарко со сателитската Yamaha останаа осми и деветти, а Топ 10 ги комплетира Бредли Смит со КТМ.

Поврзани вести

Back to top button