fbpx

Maserati има F Tributo верзии за 95 години мотоспорт

Maserati на Салонот во Шангај претстави две нови специјални верзии, а тоа се Ghibli и Levante F Tributo, направени во чест на долгата историја во мотоспортот

Италијанскиот производител Maserati е познат по својата долга и горда историја во автомото спортот, а во чест на 95-годишнината, компанијата подготви F Tributo верзија за Ghibli и Levante. Двата автомобили се понудени во Rosso Tributo и Azzuro Tributo. Боите се поврзани со историјата на брендот, со тоа што Rosso Tributo е референца на италијанските тркачки бои, а уште поконкретно за првиот Formula 1 болид на компанијата.

Maserati 250F беше болид на славниот Хуан Мануел Фанџо и со него забележа големи успеси. Болидот учествуваше на 46 трки каде оствари осум пол позиции и осум победи. Болидот на Фанџо беше обоен во црвено и жолто, а оваа боја се појавува на F Tributo шапите од сопирачките.

Од друга страна, Azzuro Tributo е оддавање на почит на родниот град – Модена. Боите на Модена се сината и жолтата, а додека возилото е во сина боја, сопирачките се, исто како и кај Rosso Tributo, во жолта боја.

Целиот изглед е заокружен со црните Anteo 21-инчни тркала за Levante, додека Ghibli добива сјајно црни 21-инчни Titano тркала. Сјајно црн беџ е поставен над сводот на тркалата, додека препознатливиот тризабец беџ на брендот во боја на каросеријата е поставен на C-столбот. Во ентериерот, моделите пристигнуваат со црна кожа и конци кои соодветствуваат со бојата на каросеријата.

F Tributo

Името F Tributo Special Edition има уникатно значење. Буквата F е поставена за Фанџо, а изминатиот викенд италијанската компанија прослави 95 години тркачка историја. Имено, Maserati го имаше своето тркачко деби на 25 април 1926 година со Tipo26, првиот Maserati автомобил кој го понел легендарниот беџ тризабец, победувајќи во класата до 1.500 кубни сантиметри на Targa Florio. Зад управувачот на тркачкиот модел бил Алфиери Масерати.

Поврзани вести

Back to top button