Maserati MC12 Versione Corsa, еден од само 12 примероци на продажба
Фантастичниот суперавтомобил Maserati MC12 е направен во само 50 примероци кои се легални за патиштата, а Versione Corsa пристигнува во само 12 единици
Maserati го најави пристигнувањето на новата своја „ѕверка“ наречена MC20, која според италијанската компанија е „природна еволуција“ на фантастичниот Maserati MC12, произведен меѓу 2004 и 2005 година. Доколку постои варијанта која што е уште повеќе спектакуларна и ексклузивна од овој суперавтомобил, тогаш тоа без дилеми е MC12 Versione Corsa, верзија која е ограничена само за тркачките патеки и доаѓа во само 12 примероци, a една од нив е ставена на продажба.
Maserati MC12 GT1, со кој италијанската компанија го одбележа враќањето во врвните трки, дебитираше на FIA GT Championship во 2004 година. Неколку години подоцна, автомобилот веќе имаше повеќе од 40 победи и две конструкторски титули. По доминацијата на MC12 во натпреварувањето, италијанската компанија сакаше да им понуди на своите клиенти можност да добијат специјална верзија од MC12, легална само за тркачките патеки. Само 12 единици се направени од MC12 Versione Corsa, a моделот кој е на фотографиите е осмиот модел произведен во 2007 година, кога чинел 1 милион евра.
Maserati нуди само 50 автомобили од MC12 кои се направени врз база на Enzo Ferrari, со што веќе го прави еден од најретките суперавтомобили на светот, а Versione Corsa се оние кои привлекуваат уште поголемо внимание. Неговата впечатлива портокалова боја е направена на само 12 модели и понудена е само на посебни клиенти, додека перформансите на овој автомобил се „безгранични“ бидејќи станува збор за спецификации за FIA GT Championship.
Цената не е позната, но може да достигне и до 2,5 милиони евра
Иако MC12 Corsa првично и оригинално беше забранет да се види на улиците. Сепак, сето тоа е променето, па ако имате среќа можеби и самите ќе можете да ја забележите оваа ретка „ѕверка“ на патиштата, но станува збор за преработени верзии за јавните патишта и улици, со далеку послаби перформанси.
Автомобилот се напојува благодарение на 6,0-литарскиот V12 мотор кој може да произведе 755 КС со 8.000 вртежи во минута, додека силата на задните тркала се пренесува со шестстепен Cambiocorsa менувач. Овој Maserati е тежок само 1.150 килограми, а за само 6,4 секунди може да достигне брзина од 200 километри на час, додека максималната брзина изнесува 326 километри на час.
Maserati MC12 Versione Corsa е произведена во само 12 примероци. Конкретната цена не е позната со оглед на тоа дека компанијата ги доставува автомобилите исклучиво по нарачка на заинтересираните клиенти, но во некои случаеви модели на Versione Corsa достигнале цена и над 2,5 милиони евра.