Maserati со нов тизер го најави Ghibli Hybrid за 15 јули
Maserati од претходно потврди дека ќе продолжи да ја унапредува својата актуелна палета, а за почеток моделот Ghibli ќе добие хибриден погон
Maserati Ghibli Hybrid требаше да ја доживее својата премиера во април годинава на Салонот за автомобили во Пекинг, но настанот поради пандемијата на коронавирусот беше откажан. Сепак, пред неколку дена Maserati објави тизер со кој го најави почетокот на електрификацијата на своите модели, а сега со ново видео ја најавија премиерата на хибридниот модел со нов датум – 15 јули.
Имено, не постојат подетални информации околу сето ова, освен дека станува збор за Maserati Ghibli со plug-in хибриден погон. Според некои очекувања, погонскиот склоп би требало да се состои од комбинација на 2,0-литарски бензинец и електромотор со вкупно 330 КС. Измените вклучуваат и ревидирана хауба и промени во внатрешноста каде се очекуваат дигитална инструмент табла и поголем екран за инфозабавниот систем.
„Светот на природата е полн со моменти каде што една искра еволуира во нешто сосема ново – инстант каде што хибридизацијата делува како катализатор за промени и различните елементи се судираат и комбинираат, исполнуваат и мешаат, среќаваат и еволуираат – создавајќи нешто подобро од претходно“, изјавија од Maserati претходно овој месец.
„Од оваа иста инспирација пристигнува и целосно новиот Ghibli Hybrid – првиот во низата нови возила како најава за новата ера на Maserati“.
Актуелната трета генерација на Ghibli е во производство од 2013 година и неопходна е промена и унапредување, со оглед на тоа дека конкуренцијата веќе ги рестилизираше или целосно ги замени своите модели и го надмина италијанскиот бренд, пред се кога станува збор за технологијата во внатрешноста, поради што во Maserati го подготвија хибридниот Ghibli.