fbpx

Maserati со тизер ги најави Ghibli Trofeo и Quattroporte Trofeo

Високо перформансната линија на Maserati се проширува откако компанијата ја објави првата тизер фотографија за Quattroporte Trofeo и Ghibli Trofeo

Ghibli Trofeo и Quattroporte Trofeo ќе бидат претставени на 10 август, а овие модели ќе ги следат стапките на Levante Trofeo кој беше претставен во 2018 година. Maserati не откри многу детали за овие перформансни седани, но Levante Trofeo се карактеризира со 3,8-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 590 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Тоа му овозможува на кросоверот да го достигне спринтот од нула до „стотка“ за 3,9 секунди, а максималната брзина е над 300 километри на час.

Останува нејасно дали Ghibli и Quattroporte Trofeo ќе го користат истиот мотор, но според претходните информации, Maserati се оддалечува од V8 моторите на Ferrari. Наместо тоа, идните модели на компанијата најверојатно ќе го користат новиот 3,0-литарски V6 мотор на Maserati, наречен Nettuno.

Новиот мотор ќе го напојува MC20 спортскиот автомобил каде што ќе произведува 630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Според некои најави, истиот мотор во Ghibli и Quattroporte ќе испорачува 530 и 580 КС.

Без оглед на тоа што ќе се наоѓа под хаубата, можеме да очекуваме новите Trofeo варијанти да имаат агресивен екстериер. Тизер фотографијата не открива премногу, но Levante Trofeo поседува црна решетка и спортски отвори за воздух. Меѓу останатите карактеристики се и масивните тркала, карбонските акценти и издувен систем со четири издувни цевки.

Моделите би можеле да имаат и некои специјални детали во ентериерот направени од карбон, заедно со специјални спортски седишта со Trofeo детали.

Поврзани вести

Back to top button