fbpx

McLaren го претстави својот најбрз сериски автомобил – 620R

Британски McLaren својата прилично богата година кога станува збор за новите модели ја заокружи со најсилната верзија од својата McLaren Sports серија

McLaren ја претстави патничката верзија на моделот 570S GT4 со повеќе сила, помала тежина и аеродинамичен пакет со спецификации за трки. Ова е новиот член на Spоrts серијата, која доби ознака 620R. Производството ќе започне во 2020. година.

Станува збор за ограничена серија на тркачкиот модел 620R прилагоден за цивилна употреба. Од McLaren порачуваат дека 620R серијата на тркачкиот автомобил е легална за секојдневна употреба. Тие уверуваат дека дели многу со тркачкиот модел 570S GT4 и гарантираат дека го задржал своето ДНК на целосно хомологизиран автомобил за тркачките патеки. Истовремено е ослободен од рестрикциите кои се применуваат на автомобилите за трки.

McLaren ќе направи само 350 единици со 3,8-литарски V8 мотор кој испорачува 611 КС и 620 Nm. Овој модел, кој е базиран на тркачката верзија 570S GT4, забрзува до 100 километри на час за само 2,9 секунди. За 0-200 km/h стигнува за импресивни 8,1 секунди. Максималната брзина е 322 километри на час.

McLaren 620R е прилагоден за користење тркачки гуми. Тоа значи дека не се потребни подесувања кога сопственикот од комерцијалните патишта ќе се пресели на тркачка патека, туку само едноставна замена. Автомобилот од фабрика излегува со Pirelli Trofeo R полу тркачки гуми, а со доплаќање можат да се добијат тркачки гуми развиени специјално за McLaren.

McLaren

McLaren го прилагоди 620R за улиците и тркачките патеки

Освен зголемената сила на V8 агрегатот, McLaren за оваа прилика ја олесни тркачката верзија на споменатиот 570S GT4 за 31 килограм. McLaren 620R стана најбрзиот модел од Sports серијата. Силата на моторот за GT4 е намалена од 562 на 420 КС, додека во моделот 620R развива 621 КС.

Со цел да се намали тежината, тргнати се тапацирот, просторот за складирање пред совозачот исто така не постои, клима-уредот, навигацијата и аудио систем. Сепак, тие можат да се добијат и да се вградат без дополнителни трошоци. Екранот чувствителен на допир е присутен и прикажува телеметрија на патеката. Како опција може да се добијат три камери. Седиштата направени од карбон се лесни и доаѓаат со безбедносни појаси во шест точки. Чувството дека се наоѓате во тркачки автомобил се нагласува со управувачот, централната конзола и лентите на вратите.

Аеродинамиката е унапредена со прилагодлив карбонски спојлер. Автомобилот има и редизајниран браник, хауба, како и предни крила со цел да се подобри аеродинамиката.

За запирањето на 620R се задолжени карбон-керамички кочници со дискови со размер 390 милиметри напред и 380 милиметри позади, со шапи од кован алуминиум. Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

Поврзани вести

Back to top button