McLaren Senna во Gulf Racing бои оди на аукција
Се проценува дека новиот сопственик за специјалниот примерок на суперспортскиот автомобил на McLaren ќе мора да издвои 1,25 милиони долари
McLaren Senna на публиката премиерно и го претстави минатата година на Саемот за автомобили во Женева, а сите 500 примероци од рачно составениот суперспортски автомобил кој е наречен по легендарниот бразилски возач во Formula 1 Аиртон Сена беа распродадени пред почетокот на испораката.
Еден од нив кон средината на следниот месец ќе биде понуден на аукција која во Аризона, САД, ќе ја организира компанијата RM Sotheby’s, а посебноста на овој двосед на McLaren (кој минал само 309 километри) е во „војничките бои“ на каросеријата по примерот на боите кои во 1997. година го красеа тркачкиот McLaren F1 GTR кој во споменатата година на трката 24 часа Le Mans заврши на второто место во генералниот поредок.
Покрај препознатливите Gulf Racing бои, автомобилот е опремен и со неколку опциони додатоци (аудио систем Bowers & Wilkins, клима уред, телеметрија, менувач со Алкантара, 19 и 20-инчни бандажи…), што го сместува меѓу најопремените од сите произведени примероци.
McLaren Senna се напојува од централно сместен 4-литарски битурбо V8 мотор кој располага со 800 КС и 800 Nm најголем вртежен момент кој на задната осовина се дистрибуира со посредство на 7-степен автоматски менувач со две спојки, а споменатите бројки се доволни за забрзување од нула до „стотка“ за 2,8 секунди и максимална брзина од 340 километри на час.