fbpx

Mercedes со фотографија ја најави новата S-класа

По низата неофицијални рендери, сега и Mercedes официјално објави тизер фотографија како најава за новата S-класа

Meet Mercedes Digital е нова „онлајн“ комуникациска платформа. Компанијата ќе ја користи на редовно ниво за споделување на детали околу идните производи и бизнис вести на компанијата. Во првата „епизода“ се појави и извршниот директор на Daimler Ола Калениус како главен гостин,. Притоа, тој откри и неколку интересни вести околу новата Mercedes S-класа. Притоа, беше објавена и тизер фотографија.

Од она што може да се забележи, предницата на новата S-класа и дизајнот нема многу да се разликуваат од актуелната генерација во заминување. Но, во исто време ќе добие и помодерен лик со инкорпорирање на дизајнот на светлата кои веќе ги има кај CLS и редизајнираната E-класа.

Ола Калениус сподели неколку детали околу перјаницата во седан сегментот, нарекувајќи го „технолошки tour de force“. Тој имаше шанса да се најде зад управувачот на предпродукцискиот автомобил и не крие дека бил импресиониран од перформансите, како и од „пријатното и тивко возење“. Извршниот директор на Mercedes истакна дека „актуелната генерација го поставила нивото повисоко, но новата S-класа ќе биде нешто специјално“.

Тој исто така откри и кога новата Mercedes S-класа ќе ја доживее својата премиера. Тоа ќе се случи во втората половина на 2020 година. Извршниот директор на Daimler потврди дека електричната верзија на моделот ќе биде лансирана во 2021 година под името EQS, по минатогодишниот преглед на концептот со исто име.

Кога станува збор за самата S-класа, јасно е дека дизајнот на екстериерот е еволутивен. Сепак, внатрешноста претставува радикално унапредување во однос на актуелниот модел. Возачот ќе се најде зад нов управувач и дигитален инструмент кластер кој е поставен слободно на предниот дел од внатрешноста.

Палетата на мотори останува непотврдена. Сепак, изборот најверојатно ќе сочинува „хибридизиран“ 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со 367 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Не е исклучено во понудата да се најде и 4,0-литарски twin-turo V8 мотор со 490 КС и 699 Nm вртежен момент. Треба да се очекува и plug-in хибридна варијанта, како и 6,0-литарски V12 мотор со околу 630 КС и 1.000 Nm.

Поврзани вести

Back to top button