fbpx

MG Motors официјално започнува со продажба во Македонија

Оживеаниот автомобилски бренд MG Motors, по претходната потврда за својата застапеност во регионот, официјално започнува со продажба

Она што се најави пред неколку месеци сега почнува да се остварува. Првите примероци од марката MG Motors веќе пристигнаа во Македонија, а неколку од нив се и веќе продадени. Со ова, официјално започнува продажбата на оваа „воскресната“ марка во рамките на комплексот на Ми-Да Гранд Моторс.

Главната цел на MG Motors во овој регион ќе биде да понуди квалитетни и атрактивни возила кои ќе ги задоволат апетитите на купувачите, а доказ за тоа се и новите модели кои се одликуваат со одлични погонски решенија, привлечен дизајн, а сето тоа проследено со електрификацијата која ќе им конкурира на традиционалните европски марки кои се застапени во нашата земја. Она што сигурно ќе биде еден од главните адути на MG е и гаранцијата од седум години која ќе им се нуди на купувачите.

MG Motors

Во согласност со трендовите кои владеат на европскиот и македонскиот пазар, првите модели кои се изложени во продажниот салон во рамките на Ми-Да се двата SUV автомобили MG ZS и MG EHS. Станува збор за мал компактен кросовер и класичен SUV со plug-in хибриден погон.

ZS и EHS

Помалиот од двата, MG ZS, достапен е со 1,0-литарскиот T-GDi турбо бензински агрегат кој испорачува 111 КС и 160 Nm, а купувачите можат да го изберат и 1,5-литарскиот атмосферец VTi-Teсh со 106 КС и 141 Nm. Првиот доаѓа со шестстепен мануелен или автоматски менувач, додека вториот е достапен со петстепен мануелец. Багажниот капацитет од 448 литри би требало да ги задоволи потребите на едно просечно семејство, а купувачите ќе можат да изберат меѓу Excite, Exclusive и Luxury нивоа на опременост, каде што основниот има почетна цена од 19.400 евра и притоа голем број на додатоци кои пристигнуваат како стандард, како што се LED дневни светла, асистенција за стартување на нагорнина, кожен управувач, паркинг сензори…

Од друга страна, MG EHS е SUV кој доаѓа со plug-in хибриден погон кој комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец со електромотор и батерија со капацитет од 16.6 kWh, за вкупна системска моќност од 255 КС и автономија за возење на струја од нешто над 50 километри.

Наскоро на пазарот треба да се појават и целосно електричните модели, а сето ова, во комбинација со одличните цени би требало да го направат MG мошне интересен за македонскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button