Ми-Да Гранд Моторс нов официјален импортер на Hyundai во Македонија
Ми-Да Гранд Моторс стана новиот официјален застапник за корејскиот бренд Hyundai во нашата држава, со што официјално се потврдија претходните најави за промена на застапништвото
Најновите модели на Hyundai во Македонија веќе пристигнаа во својот нов дом, во комплексот на Ми-Да Гранд Моторс, кој од 01.01.2020 година е официјалниот застапник на корејскиот бренд во нашата држава, а на истата локација ќе се наоѓа и овластениот сервисен центар.
Новиот продажен салон на Hyundai, каде веќе пристигнаа и првите возила, се наоѓа на улица Босна и Херцеговина бр.1, веднаш до салонот на Ford.