fbpx

МИ-ДА Гранд Моторс официјално на нова локација

На нова локација, со комплетно нов продажно-сервисен објект, овластениот импортер на Ford започнува со работа

МИ-ДА Гранд Моторс започнува со работа на својата нова локација, во комплетно нов продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја. Објектот е изграден по премиум стандарди на вкупна површина од 9600 м2, каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, а оние веќе-постоечките ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги.

„Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

„Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на МИ-ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, додаде тој.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, односно на крстосницата со Булевар „Словенија“, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25 годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐ до крајот на 2019 година.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страна www.ford.mk.

МИ-ДА Гранд Моторс

Поврзани вести

Back to top button