Минхен нов домаќин на IAA наместо Франкфурт
IAA останува во Германија, а по цели 70 години наместо Франкфурт, во иднина домаќин ќе биде баварската престолнина, Минхен
Баварската престолнина во иднина ќе биде домаќин на Салонот за автомобили кој со децении наназад традиционално во тандем со Париз, се одржуваше во Франкфурт, објави Асоцијацијата на германски производители на автомобили (VDA). Изборот за Минхен да ја добие честа да го организира овој настан е мало изненадување со оглед на тоа дека другите градови кои кандидираа за IAA беа сметани за фаворити во трката за наследник на Франкфурт.
Веќе неколку години се води сериозна дебата околу тоа како ќе изгледа следниот Салон за автомобили во Германија и дали воопшто ќе постои. Во јануари беше потврдено официјално од страна на VDA дека Франкфурт по 70 години традиција нема повеќе да биде домаќин на IAA, а како потенцијални градови наследници се споменуваа Берлин, Хамбург и Минхен.
Меѓународната автомобилска изложба (International Automobile Exhibition – IAA), како што е официјалниот назив на настанот, во текот наизминатите години доживеа пад на популарноста, па така од 931.000 постетители во 2015 година, бројката падна на 550.000 во 2019 година.