fbpx

Mini подготвува експанзија со два нови електрични кросовери

Компанијата Mini ги соопшти своите планови за експанзија на понудата со поголем број на електрични модели и фокус на компактниот премиум сегмент

Плановите на Mini за иднината се со посебен фокус на проширување на електромобилноста, но и зацврстување на својата позиција во Кина, како и зајакнување на нивната посветеност во кросовер и премиум компакт сегментот. Mini се менува со текот на времињата, а како дел од овие промени ќе се појави и силно портфолио на целосно електрични возила, вклучително и хечбек со три врати, како и два нови кросовери.

Сепак, брендот нема да се насочи исклучиво кон електрификацијата, бидејќи во плановите се уште има место за бензинските и дизел моторите кои „продолжуваат да бидат идеално решение за таргет групи и региони чии мобилности се уште не се пресретнати од целосно електричните возила“. Со оглед на тоа, целосната гама нема да биде понудена со конвенционални мотори со внатрешно согорување, бидејќи тие очигледно ќе бидат ограничени на малите автомобили на брендот и новиот компактен кросовер.

Mini подготвува и кинеска офанзива

Поголемиот кросовер ќе биде целосно електричен, додека следната генерација на Countryman ќе се нуди и со конвенционален и со електрифициран погон.

Кога станува збор за идните модели, Mini подготвува ново возило во „премиум компакт сегментот“. Од компанијата не откриваат премногу, но најавуваатт дека автомобилот ќе биде релативно голем и ќе ги „пресретне се поголемите барања на голем број клиенти кога станува збор за пространост и разновидност“. Сепак, од компанијата истакнуваат дека „секој нов модел на брендот ќе продолжи да биде типичен Mini со максимум пространост во ентериерот достигнат на најмал простор меѓу конкуренцијата“.

За да се зголеми продажбата во Кина, компанијата ќе започне со производство на електрични возила во земјата од 2023 година. Тие ќе бидат базирани на нова архитектура и ќе се прават во соработка со Great Wall Motor. Исто така, неизвесна е судбината на JCW перформансните модели. Како што велат од Mini „на JCW моделите отпаѓа 5 проценти од вкупниот број на продадени возила, додека електрифицираните модели бележат постојан раст на популарноста“.

Поврзани вести

Back to top button