Mitsubishi работи на уште еден SUV
Пред неколку дена објавивме дека Mitsubishi Motors подготвува преродба на моделот Colt, а сега дознаваме дека Јапонците планираат да ја прошират и палетата на SUV изведби
Компанијата ќе предложи целосно нов модел што ќе се продава под добро познатото име Montero.
Ова го потврди потпретседателот на компанијата и главен дизајнер, Цунехиро Кинимото. Пред новинарите тој откри дека во моментов Mitsubishi развива нов кросовер, бидејки овој сегмент расте постојано и мора да се има соодветен одговор во секое време. Според него, сличен автомобил ќе биде одлично решение за пазарите во Кина и Европа.
Топ-менаџерот не откри детали за идниот SUV, но според извори блиски на компанијата, тој ќе биде наследникот на моделот Montero (под тоа име брендот е познат со моделот Pajero наменет за одредени пазари), чија четвртата генерација сеуште се произведува во Јапонија. Новиот кросовер ќе се продава и во САД, каде што ќе се позиционира како конкурент на Toyota 4Runner, Jeep Wrangler и Ford Bronco.
Следното Montero ќе биде глобален модел за Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Ова ќе овозможи истиот автомобил да се нуди и под брендот Nissan, без да мора да се инвестираат дополнителни средства. Поинтересно е што во Mitsubishi не ја исклучува можноста новиот SUV да излезе и во спортска верзија, која ќе биде вдахната од успесите на Pajero во релито „Дакар”.