fbpx

Нова услуга од Мотоцентар – осигурување за гуми!

Услугата нуди 24-часовна асистенција во Македонија и во Европа и обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба, вандализам и механички оштетувања на гумите

Услугата обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот и нуди 24-часовна асистенција во Македонија и во Европа. Осигурување за гуми можат да обезбедат правни и физички лица, при купување нови гуми за патничко возило, не потешко од 3,5 тони.

Тоа ги покрива трошоците за: помош на пат (со цел оспособување на оштетената гума на возилото), набавка на нова гума, демонтажа и монтажа на гумата на тркалото, балансирање, нов тубелес вентил, обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз на патниците до најблискиот сервис, чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време. Во случај кога има потреба за промена, или поправка на гума, клиентите ќе можат да се јават во асистентскиот центар, кој ви стои на располагање во секое време.

Осигурување на гуми

– Веруваме дека развојот на иновативни производи и дополнителни услуги е еден од предусловите за развој на осигурителниот пазар во Македонија, но и за градење на лојалност и задоволство кај клиентите на Триглав Осигурување. Постојано инвестираме во нови решенија, имајќи ги во предвид потребите на пазарот, бидејќи само на тој начин можеме на клиентите да им понудиме вредност, да обезбедиме сѐ што им треба на едно место и да им го подобриме квалитет на живот. Осигурување на гуми е производ, којшто за прв пат се нуди на пазарот во Македонија и задоволни сме што партнер во овој проект ни е Мотоцентар, како овластен увозник и дистрибутер на светски реномирани брендови на гуми, изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

– Овој проект обезбедува сигурност и е додадена вредност за клиентите. Благодарност до Триглав Осигурување, што нѐ поддржаа во овој проект, со цел да понудиме еден нов, уникатен производ на нашите потрошувачи. Проектот има цел на клиентите да им овозможи целосна сигурност при возењето и заштита од каква било ситуација на патиштата, што би значело во целост додадена вредност при купувањето пневматици во нашите продажни салони. Сето ова содејствува со нашата стратешка определба во изминативе 25 години, преку иновации и визија да понудиме комплетни решенија, со цел да им овозможиме на нашите клиенти сигурност и комфорт при возењето, потенцира Горан Гроздоски, управител на Мотоцентар.

Гумите се важен дел од автомобилот, бидејќи треба да обезбедат удобност и сигурност при возењето. Тие треба да имаат карактеристики, кои што ќе се справат во секоја ситуација со силите кои директно влијаат врз нив при сопирање, забрзување, вртење, притоа прилагодувајќи се на состојбата на патот по кој што се движат.

Поврзани вести

Back to top button