fbpx

Моторите со внатрешно согорување ќе исчезнат до 2050 година

Прогнозите на јапонскиот автомобилски гигант Toyota покажуваат дека моторите со внатрешно согорување - бензински и дизел, ќе исчезнат целосно до 2050 година

Според гигантот од 2040 година натаму тие ќе бидат само 10% од новите автомобили и тоа како дел од хибриден систем.

Ова го објави шефот на Одделот за истражување и развој на Toyota, Сеиго Кузумаки, кој потсети дека правилата за штетните емисии на глобално ниво ќе продолжат да се заоструваат, а развојот на електрични ќе добива на темпо. На крајот, ова ќе стави крај на продажбата на бензин и дизел автомобили.

Toyota

-Очекуваме дека во 2050 година, емисиите на јаглероден диоксид ќе бидат 90% пониски отколку во 2010 година, рече Кузумаки. -За да се постигне ова, од 2040 година, автомобилите нема да се произведуваат само со мотори со внатрешно согорување, туку тие ќе станат дел од хибридните погонски системи. Во моментов, Тојота поседува околу 43% од светскиот пазар за електрифицирани возила (хибриди и електрични возила), апримарната заслуга за тоа е на Prius – првиот хибриден хибрид веќе постигна над 11 милиони продадени возила.

Најпродаваниот електричен автомобил е Nissan Leaf со околу 50.000 продажби годишно, а Toyota планира да отвори цело семејство електрични автомобили во 2020 година. Првата генерација електрични модели на Toyota ќе имаат литиум-јонски батерии и ќе имаат максимална автономија од 500 km со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button