Кои се најпопуларните модели во своите земји според Indigo?
Британската компанија Indigo состави рејтинг листа на најпопуларните продавани модел на автомобили во секоја земја во светот и направи интересна мапа
За сите земји со голема веројатност се точни податоците, но не веруваме за Македонија?!
Секако, споредувајки ги индикаторите за производство и пласман на возила на големите производители, лидери се Toyota, Ford и Volkswagen. Специјалистите на Indigo тврдат дека добиле статистика за продажба во секоја земја и утврдиле кој модел е најпопуларен на пазарот на автомобили. Но, според она што го тврдат за Македонија, а и нашите согледувања направиле голема „утка“, бидејки во никој случај Mitsubishi L 200 не е најпродаван кај нас?!
Тојота Hilux е прва, бидејки овој модел според Indigo е бестселер во 25 земји. Второ место е Volkswagen Golf (8 земји), а приотоа на најдобрите го затвора Toyota Highlander (7 земји). Најбараниот бренд во ова рангирање е Toyota – 11 модели на јапонскиот гигант се најпродаваните во 54 земји. Во САД најпопуларен е пикапот Ford F-150, во Германија и Велика Британија – Volkswagen Golf, а во Франција Renault Clio. Во Кина, првото место е за непозната марка надвор од земјата – Wuling Hongguang.
Во регионот, во Турција број еден е FIAT Aegea / Tipo, Грција -Toyota Yaris, Романија – Dacia Logan, Србија – FIAT 500 L, Бугарија – Dacia Dokker, БиХ – Škoda Octavia…, a во Македонија Mitsubishi L 200?????