fbpx

Pininfarina и дизајнерскиот печат врз секојдневието

Pininfarina е еден од најпознатите и најкултните компании за дизајнирање на автомобили, но оваа компанија се занимава и со поинаков дизајн

Ретко кој знае дека Pininfarina, компанија која е основана од страна на Батиста „Пинин“ Фарина во 1930 година во Торино како компанија за дизајн и изработка на шасии, своето поле на делување го има проширено и во други области. Pininfarina започна со експанзија во 1980-тите години, најпрво со дизајнирање и производство на автомобили за други компании, а потоа дојдоа и другите проекти.

Покрај соработките со Alfa Romeo, Ferrari и останати автомобилски производители, Pininfarina се проширува и во архитектурата, индустрискиот дизајн, авијацијата, ентериер, дизајнирањето на возови и јахти, часовници, велосипеди… Ние одлучивме да ги издвоиме некои од најпрепознатливите дизајн решенија на италијанската компанија во областите во кои најмногу дејствува, покрај автомобилизмот.

Архитектура

Во Pininfarinа веруваат дека дизајнот е меѓу клучните работи кои влијаат врз искуството на човекот. Одличниот дизајн е одличен за бизнис. Постојат специфични дизајнерски фактори кои влијаат на искуството – убавината, иновацијата, автентичноста, чистотата и чувството за добредојденост. Сето ова е дел од јадрото на Pininfarina дизајнот и дел од ДНК-та на производите на оваа фирма во нејзината 90-годишна историја, притоа генерирајќи ги највисоките нивоа на иновативност. Според приложените фотографии, сигурно ќе се сложите дека Pininfarina стои зад својот збор и репутација кои се потврдуваат постојано. Треба да се напомене дека едно од последните дела на Pininfarina e новиот аеродром во Истанбул кој ќе стане белег на цела Турција.

Наутика

Pininfarina носи целосно ново искуство во наутичкиот сектор преку својот дизајн, проекти кои комбинираат високи перформанси и иновација со естетска совршеност. Италијанската компанија создава конзистентен дизајнерски јазик кој може да се забележи кај голем број познати јахти кои се дело на оваа компанија и кои го редефинираат идентитетот на брендот. Неретко некои од најпознатите јахти на светот се дело токму на Pininfarina.

Транспорт

Pininfarinа го користи своето искуство во дизајнот на транспортните средства не само во автомобилската индустрија. Уште од 80-тите години Pininfarina дизајнира ентериери и екстериери на брзите возови, автобусите, автоматизираните лесни железнички возила… Во текот на годините Pininfarina остави свој печат на елегантност, есенцијалност и иновативност и во овој сектор.

Индустриски дизајн

Pininfarinа има за цел да им помогне на своите клиенти да останат забележани на пазарот преку супериорен дизајн со комуницирање на технологијата и иновацијата. Целта е да се подобри ефикасноста со спроведување на употребливоста и ергономските студии преку комбинирање на физички и дигитален дизајн. Конзистентниот дизајнерски јазик е алатка преку која се зајакнува брендот и зајакнување при позиционирање на производот. Pininfarina ги користи своите карактеристични елементи за да создаде кохерентен идентитет на производот и марката на клиентите.

Lifestyle, Furniture & Home и Consumer Electronics

Меѓу дизајните на Pininfarina не смеат да се заборават ниту нивните дела во областа на продуктите за секојдневието, мебелот, како и потрошувачката електроника. Експертизата на Pininfarina во дизајнирањето на ентериерот и индустрискиот дизајн одлично се комбинираат за да се создадат производи кои се интегрираат во софистицираните опкружувања со што се надоградува концептот на елеганција и инвоативност кога станува збор за потрошувачката електроника. Од друга страна, бренд идентитетот на Pininfarina се огледува и во софистицираните производи кои ги нагласуваат вредностите на модерниот џентлмен, создавајќи конкурентски предности преку ко-брендирање на голем број lifestyle продукти. Секако, сето ова не може да се замисли без беспрекорното интегрирање во софистицираните опкружувања без дизајнот на мебел кој е еден од највпечатливите „печати“ на Pininfarina чиј дизајн го нагласува идентитетот на брендот, благодарение на искуство во архитектурата и дизајнот на ентериер.

Lifestyle

Furniture & Home

Consumer Electronics

Бонус галерија

 

Поврзани вести

Back to top button