Најпродаваните брендови и модели во Европа во 2017 година
Податоците на JATO Dynamics покажуваат дека иако со пад во реализацијата во текот на изминатата година, Volkswagen и Golf го задржуваат статусот на најпосакувана марка и модел во Европа и во 2017
Volkswagen ја зазема челната позиција кај марките со намалување од 1%, односно реализација од 1.694.832 автомобили, а на второ и трето се подредуваат Renault со раст од 4%, или пласирани 1.142.034 единици и Ford без промена во споредба со 2016 и евидентирани 1.048.526 возила. Во Топ 10 на најбараните во изминатата година брендови во Европа влегуваат исто така Opel/Vauxhall (-5%, 941.269 ), Peugeot (+ 7%, 923.625), Mercedes (+ 8%, 908.107), BMW (+ 1%, 824.534), Audi (-1%, 823.844), Fiat (+ 3%, 752.203) и Skoda (+ 6%, 700.719).
Кај моделите, по Golf и неговите 483.105 реализирани единици (-2%), се подредуваат Clio (+ 4%, 327.395), Polo (-12%, 272.061), Fiesta (-15%, 254.539), Qashqai (+ 6%, 247.939), Peugeot 208 (-2%, 244.615), Tiguan (+ 31%, 234.916), Corsa (-12%, 232.738), Octavia (0%, 230.116) и Astra ( -14%, 217.813). Втора година по ред, господар на најбрзорастечкиот сегмент на европскиот пазар- оној на SUV моделите, е Nissan Qashqai, кој освен тоа има пласман во Топ 5 во вкупниот пласман за прв пат.