fbpx

Наскоро и Volkswagen T-Roc Cabrio

Volkswagen најави дека за неколку години во својата понуда да има вкупно 20-тина модели во SUV/crossover сегментот, а меѓу нив би бил и T-Roc Cabrio

Во Volkswagen ништо не оставаат на случајноста?!

Внимателно се прати ситуацијата со одлично прифатениот Range Rover Evoque Cabrio на пазарот, кој како покажуваат продажните резултати на пазарот е прифатен многу подобро од она што предвидуваа и најголемите оптимисти. Затоа подготвуваат одговор на ова издание на Британците, а двовратниот T-Roc Cabrio со покрив на склопување би требало да го очекуваме во 2020 година.

T-Roc Cabrio

Производството на ова остварување би било во фабриката во Оснабрук, во Германија, каде моментно се склопуваат VW Tiguan и Porsche Cayman. За производството на T-Roc Cabriо во план е во неа да се инвестираат дополнителни 80 милиони евра. Детали за новината секако нема, ова е само план, но би требало да се очекуваат многу елементи од стандардната верзија, како и агрегатската гама.

Некои медиуми веќе и шпекулираа со цената, која во германија би изнесувала околу 25.000 евра.

T-Roc Cabrio

Поврзани вести

Back to top button