Њујорк 2019: Премиера на Nissan GT-R Nismo 2020
Nissan ја објави првата информација за верзијата за 2020 година на врвниот спортски GT-R Nismo што заедно со специјалната верзија 50th Anniversary Edition, ќе направат светскo деби за време на претстојната меѓународна изложба во Њујорк
„ GT-R Nismo 2020 ќе еволуира во еден балансиран, но во исто време екстремен, спортски автомобил“, коментира Хироши Тамура, главен специјалист на GT-R. „Бркање на задоволството на патот е најважната идеја кај GT-R, а со претставувањето на Nissan GT-R Nismo сакаме да покажеме автомобил создаден за патека, но во исто време и автомобил што е за градските улици“.
Главната карактеристика на GT-R Nismo 2020 продолжува да биде количеството јаглерод, употребено во конструкцијата на возилото, вклучувајќи во предниот и задниот браник, таванот, хаубата, багажникот и задниот спојлер.
Како резултат на интеграцијата на овие елементи, возилото добило предност од 10.5 килограми во вкупната тежина. Акцентот е исто така и на новите 20-инчни алуминиумски тркала, а со новите гуми Dunlop има 11% повеќе контактна површина со асфалтот.
Погонот на GT-R Nismo 2020 е доверен на 3.8 литарскиот V6 рачно склопен мотор кој генерира максимална моќност од 600 коњски сили.