fbpx

Nissan го оживеа уникатниот концепт Juke Rally Tribute

Компанијата Nissan го претстави Juke Hybrid Rally Tribute концептот кој го направи во чест на моделот 240Z кој триумфираше на East African Rally во 1971 година

Nissan покажа дека е мошне сериозен со својот Juke Rally Tribute, а откако претходно со рендер го најави концептот во чест на 240Z кој победи на East African Rally во 1971 година, сега направи и реален примерок на ова уникатно возило.

Како што укажува и самото име, Juke Hybrid Rally Tribute е базиран на новата хибридна варијанта на малиот кросовер кој е подготвен да пристигне на пазарот во Европа ова лето. Сепак, конкретниот модел добива неколку визуелни модификации кои прават да изгледа како вистински рели автомобил. Сводовите над тркалата се пресечни за да се направи просотр за Goodyear Wrangler пневматиците со димензии 265/70 R16 со пошироки предни и задни крила. Тука се и пластичните додатоци на предниот и задниот браник со заштитни прагови, поголеми магленки, дополнителни светлечки едници на хаубата и LED шипка на покривот.

Nissan Juke Rally Tribute

Меѓу останатите промени кои го истакнуваат во однос на стандардниот Juke се додавањето на покривната шина, отстранувањето на задното стакло за да се додадат две резервни гуми и двојниот издувен систем кој излегува од задниот браник. Специјалната „униформа“ е инспирирана од Nissan 240Z од East African Rally со црна хауба, темно црвена нијанса и спонзорски натписи во ретро стил на каросеријата.

Кабина опремена за рели авантури

Во внатрешноста е додаден „заштитен кафез“, противпожарен апарат, пар тркачки пневматици, заштитни појаси со четири точки на врзување, управувач обложен со Алкантара, хидраулична рачна сопирачка и интерком систем со слушалки за возачот и совозачот.

И покрај жестокиот изглед, хибридниот погон останува ист како и кај стандардниот модел. Тоа значи дека Juke е побавен од оригиналниот 240Z рели автомобил од 1971 година кој е реставриран во 2013 и останува дел од наследната колекција на Nissan. Природно аспирираниот 1,6-литарски четирицилиндерски мотор испорачува 94 КС и 148 Nm максимален вртежен момент, а електромоторот испорачува дополнителни 49 КС и 205 Nm. Хибридниот систем има и уште еден електромотор кој функционира како HSG, 1,2 kWh водено-ладена батерија и софистициран мулти режимски менувач кој ја испраќа моќноста до предната оска. Единствената промена во однос на патничкиот Juke Hybrid е тоа што Rally Tribute „конзумира“ био гориво од Shell.

Nissan Juke Hybrid Rally Tribute е единечен проект кој не е наменет за производство.

Поврзани вести

Back to top button