Nissan го претстави целосно новиот Rogue/X-Trail
Целосно новиот Nissan X-Trail кросовер сега е побезбеден и попрактичен од било кога, продолжувајќи ја приказната на веќе успешниот рецепт
Nissan X-Trail го забележа своето деби во Северна Америка, на чија територија се продава под името Rogue. Овој кросовер на Nissan за американскиот пазар е прилагоден за локалните потреби, но јасно е дека разликите во појавата на двете варијанти нема да бидат значителни.
Nissan официјално го претстави целосно новиот X-Trail, односно Rogue за американскиот пазар, кој добива поизразен изглед, истовремено подобрувајќи ги удобноста и ентериерот, како и модерната технологија. Кога станува збор за дизајнот, веќе се појавија голем број на тизери и шпиунски фотографии кои го најавија изгледот. Како што е очекувано, моделот пристигнува со покарактеристична, помалку чиста надворешност која добива двојна V-Motion решетка обвиткана со одделни, двојни светла, „лебдечки“ покрив кој може да се добие во контрастна црна боја и ретровизори поставени на вратата.
Она што не беше познато досега е тоа дека новиот X-Trail е всушност покомактен сега со 2,54 милиметри помало меѓуосовинско растојани, 53,3 пократок покрив и 43,2 милиметри помала должина. Базиран на ревидираната верзија на Nissan CMF-C/D архитектурата, новиот X-Trail очигледно им дава предност на фамилијарните, наместо индивидуалните купувачи кои преферираат компактни кросовери.
Сепак, новиот Nissan X-Trail треба да има поангажирано возење во однос на својот претходник, со оглед на тоа дека управувачот е побрз и подиректен, а производителот исто така ја ревидираше и задната мулти-линк суспензија. Исто така, треба да се напомене дека новиот Nissan X-Trail го има веројатно најдобриот и најлесниот пристап во задниот дел од автомобилот во целиот сегмент, со оглед на тоа дека задните врати се отвораат речиси под агол од 90 степени. Во внатрешноста има доволен простор за нозете за возрасни лица. Покрај големиот комфор и простор на задната клупа, тука е и достапното греење на седиштата, како и трозонскиот клима уред кој е единствен во сегментот, што го прави Nissan X-Trail интересен за купувачите.
Удобност и висока технологија во внатрешноста
Предниот дел од внатрешноста е приказна за себе. Комфорните zero-gravity седишта на Nissan се враќаат, кои можат да бидат со полукожен финиш во највисокото ниво на опрема. Како дел од стандардната опрема тука е 8-инчниот екран на допир за управување со инфозабавниот систем со Apple CarPlay и Android Auto конективност, а како опција се нуди и 9-инчен екран со поголема резолуција. Овој екран нуди и вградена сателитска навигација. Инструменталниот кластер сега исто така добива поголеми димензии – 7 наместо 5-инчен, додека целосно дигиталниот кокпит од 12,3-инчи е резервиран за моделите со повисоко ниво на опременост, исто како и head-up екранот од 10,8 инчи. На централната конзола се наоѓа и мал електронски преклопник каде може да се најдат портови USB-A и USB-C. Највисокото ниво на опременост нуди и ProPilot Assist со Navi-Link, бежичен Apple CarPlay, Qi бежичен „пад“ за полнење, Bose аудио систем со 10 звучници, амбиентално осветлување и така натаму.
Пониските нивоа на опременост се поставени на 19-инчни тркала, имаат кожни седишта, панорамски покрив и hands-free индикатори за насока. Новина е и Vehicle Motion Control системот кој работи заедно со досатапниот подобрен систем за погон на сите четири тркала и селекторот за режим на возење кој обезбедува индивидуална контрола врз тркалата, со што се подобрува способноста на возилото во свиоците.
Nissan засега ги нема објавено деталите за моторните единици, а единствено е познато дека новитет на американскиот пазар ќе биде ново развиениот 2,5-литарскиот DOHC четирицилиндричен бензински мотор со 181 КС и 245 Nm максимален вртежен момент. Останува да почекаме и да ги дознаеме спецификациите и деталите за европскиот пазар, а кога станува збор за САД, новиот Rogue, како што е познат на овој пазар, ќе започне со продажба на есен. Од друга страна,, глобалниот модел, Nissan X-Trail, ќе пристигне нешто подоцна.