Nissan го претстави целосно новото Townstar комбе
Компанијата Nissan ја освежи целосно својата палета на лесни комерцијални возила во Европа, а во поставата го додаде и целосно новиот Townstar
Јапонскиот производител го претстави новиот адут во нивната освежена линија на лесни комерцијални возила. Станува збор за Nissan Townstar за кого од компанијата велат дека е голема промена на пазарот и ја претставува следната генерација на ваков тип возила. Townstar ќе биде достапен со бензински мотори и во целосно електрична варијанта.
Nissan исто така ја обнови и својата постава на лесни комерцијални возила, додавајќи ги имињата на Primastar и Interstar, со што се заменува „NV“ линијата, заедно со мали унапредувања на моделите кои претходно се нарекуваа NV300 и NV400.
Две опции за погонот
Компанијата го нарекува новиот Townstar најсеопфатното лесно комерцијално возило досега, заменувајќи ги NV200 и е-NV200. Новото комбе ќе биде достапно и во комерцијална и во патничка изведба. Бензинската варијанта ќе добие Euro-6d 1,3-litarski motor so 130 КС моќност и 240 Nm максимален вртежен момент. Електричната верзија ќе добие електромотор со моќност од 122 КС и 245 Nm, а од Nissan најавуваат дека опсегот на електричниот Townstar ќе биде 283 километри.
Новиот Townstar е поставен на CMF-C платформата на Алијансата Nissan-Renault-Mitsubishi, со едноставен и чист дизајн. Од Nissan велат дека квалитетот и функционалноста се двата клучни фактори при производството, а новото комбе е клучен играч во нивниот „NEXT“ трансформациски план.
Иако NV200, на чие место Townstar пристигнува исто така е дизајниран на слична автомобилса архитектура, новиот модел со себе носи обновен фокус на безбедноста и инфозабавата. Townstar се одликува со напредни карактеристики на возачки асистенции како Side Wind Assist и Trailer Sway Assist, како и интелегентно сопирање во итни случаи со детекција на пешаци и велосипедисти.
Нови и унапредени безбедносни и технолошки карактеристики
Сепак, карактеристиките како „хендс-фри“ паркирањето, адаптивниот темпомат и 360-степената паркинг камера се оние одлики кои го ставаат Townstar во предност во однос на конкуренцијата. ЕВ верзијата на комбето исто така ќе го добие и полуавтономниот ProPILOT систем на Nissan, кој при активирање автоматски го забавува возилото до целосно запирање, а притоа го центрира во лентата додека е на автопат.
Бензинската верзија на Nissan Townstar ќе добие 8-инчен екран на допир, додека ЕВ моделите ќе добијат нешто поголем, 10-инчен екран. Android Auto и Apple CarPlay конективноста е достапна во целиот опсег, како и бежичното полнење за паметните телефони, но електричното комбе се вели дека ќе поддржува и „дополнително засилени услуги за поврзаност“.
Со своите 4,3 кубни метри товарен простор, Townstar се одликува со поголем простор отколку NV200. Ќе може да пренесува товар со тежина до 800 килограми, додека влечната сила е до 1.500 килограми. До товарниот простор се пристапува преку две лизгачки врати на страните или пак двојната врата на задниот дел со делливост од 60/40.
Иако цените се уште не се објавени, Nissan нуди петгодишна пан-Европска гаранција од 160.000 километри за сите возила во нивната обновена линија на лесни комерцијални возила. Nissan Townstar електричната верзија ќе добие дополнителна осумгодишна гаранција на батеријата.
Primastar и Interstar
Townstar се приклучува на ребрендираните Primastar и Interstar во обновената постава на комерцијални возила на јапонскиот производител. Interstar, кој е базиран на Renault Master, се одликува со унапреден 2,3-литарски мотор. Овој агрегат е достапен во седум различни нивоа на моќност од 110 до 180 КС. Заедно со Primastar, ќе добијат нови унапредени системи за асистенција на возачот.
Primastar, кој ја споделува платформата со Renault Trafic, добива поекстензивни унапредувања, како што се нова решетка, LED фарови и опционални 17-инчни тркала. Опсегот на мотори на Primaster исто така е унапреден за пониска емисија на CO2.