Nissan Juke доби специјална Enigma едиција
Nissan ја претстави новата специјална едиција на втората генерација на својот кросовер Juke во Европа, која го носи името Enigma
Втората генерација на Nissan Juke отсега ќе може да се пофали со својата нова варијанта која е специјална едиција и се нарекува Enigma. Моделот се одликува со специјални графики на покривот и куќиштата од ретровизорите, Enigma ознаки на C-столбовите како и во ентериерот, а автомобилот е поставен на 19-инчни Akari тркала и може да биде нарачан во три бои – Gun Metallic Grey и Storm White со црн покрив, или целосно во црна боја.
Со излегувањето на ова ново специјално издание наречено Enigma, Nissan продолжува да ги надминува границите на смелиот дизајн со Juke, внесувајќи новина во стилот на компактниот кросовер
„Nissan Juke веќе има препознатлив дизајн и напредна технологија во еден навистина несовладлив пакет. Enigma го влече уникатниот стајлинг и интелигентната конективност за да го засили возачкото искуство“, вели потпретседателот на производствено планирање на брендот во Европа, Марко Фиораванти.
Покрај специјалниот изглед, новиот Juke Enigma е првиот Nissan кој ја добива Amazon Alexa компатибилност во Европа. Со Nissan Skill вклучен преку Alexa апликацијата и конектиран со NissanConnect Services профилот на сопственикот, сопствениците можат далечински да контролираат некои функции од својот автомобил, како што е проверување дали се заклучени вратите, вклучување на светлата, да се провери количината на гориво и преостанатиот опсег на движење, да најде каде е паркиран автомобилот или да се испрати некоја адреса до TomTom навигацијата.
Juke Enigma официјално ќе пристигне во Европа овој месец. Во Велика Британија ќе има почетна цена од 23.195 фунти.