fbpx

Nissan лансира специјална верзија на Leaf во Европа

Nissan ја претстави новата специјална верзија на Leaf со цел да ја прослави 10-годишнината на електричниот модел наречена Leaf10

Новиот Nissan Leaf10 е специјална верзија на електричниот автомобил во чест на неговиот 10-ти роденден, а ќе започне со продажба во Европа оваа есен. Leaf10 ќе пристигне со уникатна спецификација, нова боја на екстериерот и специфични детали, заедно со поголема опрема како стандардна. Новата специјална верзија на Leaf ќе биде достапна во ограничен број, но јапонскиот производител засега не откри колку точно примероци ќе бидат произведени.

Најкаракетристичната одлка на новиот Nissan Leaf10 е веројатно деталската шема на ретровизорите, покривната линија и багажникот. Kumico шемата исто така го вклучува и Leaf10 беџот кој е поставен на автомобилот и е во комбинација со целосно новата двобојна Ceramic Grey и Pearl Black опција. Купувачите исто така ќе можат да ја изберат и стандардната Pearl Black Metallic. Како додаток, сите N-Connecta модели ќе бидат поставени на 17-инчни тркала од лесна легура, со цел Nissan Leaf да изгледа подинамично.

Leaf

Nissan го нуди Leaf10 и со Blind Spot Intervention и ново лансираниот Intelligent Rear View Mirror како стандарден. Меѓу опционалните карактеристики тука е и вградената 4G конективност со Wi-Fi „хотспот“ за седум уреди, функција која се комплементира со NissanConnect апликацијата за паметни телефони.

„Откако Leaf беше лансиран во 2010 година, Nissan продолжи да ја развива и еволуира својата ЕВ технологија, услуги за конективност и дизајн за да се осигура дека ги исполнува барањата на животниот стил на сопствениците“, вели Хелен Пери, главен маркетинг менаџер за електрични патнички возила и инфраструктура во Nissan Europe.

„Нашиот легендарен модел привлече повеќе од 180.000 клиенти ширум Европа. Се надеваме дека со своите нагласени стилски карактеристики и најнови технологии како што е In-Car Wi-Fi и неговите далечински функции, Leaf ќе може да продолжи да го возбудува оние кои штотуку започнуваат со своето ЕВ патешествие“.

Leaf10 ќе пристигне во продажните салони ширум Европа веќе овој месец.

Поврзани вести

Back to top button