fbpx

Nissan Leaf доби стилско унапредување во Европа за 2022

Втората генерација на Nissan Leaf се наближува кон крајот на својот животен циклус, но популарниот ЕВ доби последно освежување во Европа

Веќе подолго време се шпекулира дека електричниот Nissan Leaf се наближува кон својот крај и дека на негово место на Стариот континент ќе пристигне електричен кросовер. Но, и покрај сето тоа, Nissan го подготви последното освежување за својот популарен ЕВ кој беше првично претставен во 2017 и доби технолошки унапредувања во 2020 година.

Nissan Leaf 2022

Првото нешто што се забележува кај освежениот Nissan Leaf се новите 16 и 17-инчни тркала од лесна легура дизајнирани со црни акценти кои се всушност и најзабележителните промени во однос на моделот од претходната моделска година. Ако погледнете повнимателно, ќе се забележи и унапреденото Nissan лого на решетката, задната врата и тркалата, што е во согласност со остатокот од опсегот. На крајот, Nissan исто така нуди и две дополнителни опции за бојата на екстериерот на Leaf, а тоа се Universal Blue и Magnetic Blue кои исто така се достапни и кај Qashqai и Ariya.

Nissan Leaf 2022

И додека благите фејслифтинзи доаѓаат вообичаено со нов трим во ентериерот, кабината на Leaf останува непроменета. Кога станува збор за технологијата, малиот електричен автомобил го задржува истиот 9-инчен екран на допир за NissanConnect инфозабавата која поддржува Android Auto, Apple CarPlay, Amazon Alekxa и карактеристики на далечинско управување, додека безбедносната опрема го вклучува и ProPILOT пакетот на безбедносни системи на Nissan.

Nissan Leaf 2022

Палетата на Leaf за 2022 година вклучува две опции за литиум-јонската батерија. Стандардниот Leaf добива капацитет од 40 kWh, додека Leaf e+ добива поголема 62 kWh батерија која нуди опсег на движење до 385 километри според WLTP циклусот. Кога станува збор за погонот, единечниот електромотор испорачува 150 КС кај Leaf, а 218 КС кај Leaf e+.

Nissan не ги соопшти цените за освежениот Leaf во Европа, а тие би требало да бидат откриени во следниот период.

Поврзани вести

Back to top button