fbpx

Nissan најави нов паметен автономен систем и нов ЕВ кросовер

Компанијата Nissan ја најави новата генерација на својот паметен систем за асистенција на возачите кој пристигнува со напредна технологија

Nissan го најави следниот чекор кога станува збор за своите напредни системи за асистенција на возачите, помагајќи за дополнително намалување на сообраќајните незгоди со интегрирани на значително унапредени карактеристики за избегнување на судири. Развојот на новиот систем ќе биде комплетиран до средината на деценијата и ќе се најде во сите нови модели на Nissan до 2030 година. Nissan исто така ја искористи приликата подобро да го прикаже престојниот целосно електричен кросовер кој ќе служи како замена за Leaf.

Кога станува збор за новата технологија, „Ground Truth Perception“ системот, како што Nissan го нарекува, креира детална и високо прецизна 3D модел на околните објекти и околината комбинирајќи LiDAR технологија од следната генерација со голем број радарски и камера сензори монтирани на екстериерот на возилото. Nissan договори партнерство со Luminar за следната генерација на LiDAR и со Applied Intuition за симулациската технологија.

За разлика од актуелните напредни системи за асистенција на возачите кои во најголем дел се ограничени на препознавање на возилата, велосипедистите и пешаците, новата технологија на Nissan нуди избегнување на судири во многу покомплексни сценарија. Специјално модифицираниот Nissan Skyline седан модифициран со сензори, ја демонстрираше технологијата успешно избегнувајќи тркало, кукла-пешак и возило во рикверц благодарение на автономните итни маневри. Исто така покажа колку паметно софтверот може да идентификува сообраќаен метеж или пречки на патот и да ги промени лентите во согласност со тоа без никакво залагање од возачот.

Прикажан и концептот за наследникот на Leaf

Останатите комплексни несреќи беа нагласени на дигитален начин со цел да се прикажат голем број од можностите на системот. Интересно, 3D моделот кој беше користен во презентацијата е престојниот целосно електричен кросовер на Nissan кој се уште изгледа како концепт. Првично најавен во јули 2021 година, новиот модел за глобалниот пазар ќе се произведува во Велика Британија, споделувајќи ја CMF-EV архитектурата со Nissan Ariya и Renault Megane E-Tech. Благодарение на ова, имавме можност да видиме повеќе од моделот кој е најавен како наследник на Leaf, вклучително дизајнот на предниот дел со LED фаровите интегрирани во големата и покриена V-Motion решетка.

Новата технологија за асистенција на возачите ќе дебитира кај селектирани нови модели меѓу 2025 и 2030, пред постепено да се прошири на целиот опсег и ќе биде достапен кај секој модел на Nissan до 2030. Технологијата ќе го замени актуелниот ProPilot 2.0, но засега не е познато дали ќе има способности од Ниво 3 или Ниво 4.

Поврзани вести

Back to top button