Nissan направи нов голем SUV- Terra
Официјални фотографии на сосема нов SUV на брендот Nissan беа објавени на социјалната мрежа Weibo
Тие се земени од веб страницата на кинеската патентна канцеларија, во која се наоѓа моделот. Големиот SUV се вика Terra, изграден на пикапот Nissan Navara. Должината на автомобилот е 4.882, ширината е 1.850, а висината 1.835 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2850 mm. На пазарот во Кина, новиот Nissan ќе биде достапен во бензински мотор со капацитет од 184 КС. Возилото ќе биде достапно со 5 или 7 седишта, како и погон само на задните или на сите четири тркала.
Премиерата на Terra е закажана за почетокот на 2018 година. Покрај Кина, SUV изведбата ќе биде достапна и на уште неколку пазари, вклучувајќи ги Австралија, Тајланд и некои азиски земји, па и САД. Не е исклучено дека автомобилот ќе има поинакво име за нив.