fbpx

Nissan објави нов тизер за Qashqai во пресрет на премиерата

Јапонскиот производител Nissan објави нов тизер за новиот Qashqai во пресрет на неговата официјална премиера која ќе се одржи на 18 февруари

Nissan објави кратко видео во кое го прикажува првиот поглед на редизајнираните задни светла кои ќе се користат кај новиот Qashqai. Овој тизер, кој е објавен во пресрет на официјалната светска премиера на 18 февруари, ги прикажува новите светла кои ќе бидат многу позабележителни и покарактеристични во однос на оние кои се наоѓаат кај актуелниот модел, а кои се комплементирани со новите предни светла слични на оние кои се наоѓаат кај другите нови модели на Nissan.

Освен тоа, уште неколку други клучни детали се откриени во овој тизер. На пример, можат да се забележат страничните ретровизори кои се поместени од A-столбовите на самите врати. Новиот Qashqai исто така добива и црни капаци на ретровизорите, црни столбови и сјајно црн покрив како контраст на светло синиот финиш на екстериерот.

Претходниот тизер од Nissan го прикажуваше новиот ентериер. На пример, возачот пред себе ќе најде 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, нов 9-инчен инфозабавен систем и 10,8-инчен head-up екран. Меѓу останатите клучни карактеристики се и бежичната постава за полнење на паметни телефони, амбиентално осветлување, греење на седиштата и управувачот, Nappa кожен тапацир и опција за премиум аудио систем.

Погонските опции во Европа ќе се нудат со новиот e-Power хибрид кој се карактеризира со 1,5-литарски бензински мотор со варијабилна компресија и 155 КС, во комбинација со електромотор кој ги придвижува задните тркала за вкупна моќност од 187 КС. Базичната верзија ќе комбинира 1,3-литарски DiG-T бензински мотор со 12-волтен благ хибриден систем кој ќе биде достапен со 138 или 156 КС. Како што веќе напоменавме, официјалната премиера на новиот Nissan Qashqai не очекува наскоро, поточно на 18 февруари.

Поврзани вести

Back to top button