fbpx

Nissan планира да стави крај на соработката со Renault

По заплетот во случајот со Карлос Гон јапонската компанија ги засили активностите со планирање на евентуален прекин на соработката со Renault

Односите во групацијата Renault-Nissan-Mitsubishi се пореметени во голема мерка како последица на скандалот со поранешниот шеф Карлос Гон. Како што одминува времето, Гон е во бегство пред правоусдството, а компаниите се подготвуваат за живот по него. Според информациите кои ги пренесоа Financial Times и Bloomgerg, водечките луѓе на Nissan ја забрзаа изработката на резервни планови во случај навистина да дојде до „развод“ со Renault.

Nissan во тој случај би морал самостојно да ги организира производството, развојот, но и управувањето со компанијата. Во јапонскиот дел од оваа групација наводно уште од лани ги истражуваат можностите за самостоен опстанок на пазарот, а испитувањата на сопствените инжинерски и производствени можности започнаа и пред Гон да се даде во бегство.

Двете компании, според некои извори, веќе некое време се незадоволни од односите кои владеат во алијансата, и си дале рок до крајот на 2020. година да го средат работењето и од соработката да извлечат повеќе корист. Според изворите на Financial Times во Nissan не се задоволни од соработката со Renault, а освен тоа скандалот со Гон ја доведе групацијата и до финансиски проблеми и значително им ја собори цената на акциите.

Во случај на раскинување на соработката и одвојување на Nissan и Renault како главни делови на групацијата, двете компании веројатно ќе побараат нови партнери за долгорочна соработка.

Поврзани вести

Back to top button