fbpx

Nissan подготви рели Juke по примерот на 240Z

Nissan ја слави 50-годишнината од победата на 240Z моделот кој триумфираше на релито на Источна Африка во 1971 со специјална верзија на Juke

240Z е еден од најпознатите модели на Nissan, а со овој автомобил јапонската компанија триумфираше и на релито на Источна Африка во 1971 година. Оваа година се слави 50 години од овој успех, а во чест на оваа натпреварувачка машина, Nissan реши да го облече Juke во истата „униформа“ како и 240Z рели автомобилот.

Nissan 240Z, кој оригинално беше дизајниран како патнички touring автомобил, во 1971 година се појави на East African Safari рели шампионатот со возачот Едгар Херман и навигаторот Ханс Шулер и направи вистинска сензација победувајќи на ова натпреварување.

Nissan Juke 240Z

Овој рели-инспириран Juke има зголемен клиренс, а тука се и големите сводови над тркалата со што се отвора простор за големи пневматици кои се неопходни за ваквиот тип на рели предизвици. Од Nissan истакнуваат дека го избрале Juke поради неговиот стајлинг и кратките предни и задни надвиснувања, благодарение на кои можат да направат агилен оф-роуд модел, по примерот на 240Z.

Специјалниот Juke, покрај поагресивниот и впечатлив изглед поради големите тркала, исто така добива и дополнителни светла поставени на хаубата и покривот. Иако станува збор за модел кој веројатно никогаш нема да влезе во производство, од Nissan велат дека овој хипотетички концепт има хибриден погон со што се подобрува ефикасноста, а притоа добива инстантен максимален вртежен момент, со што се подобруваат севкупните перформанси.

Поврзани вести

Back to top button