fbpx

Nissan покажа како ќе изгледа ентериерот на новиот Qashqai

Втората генерација на Qashqai е на пазарот од 2013 година, но јапонскиот производител Nissan полека го подготвува наследникот

Целосно новиот Nissan Qashqai се очекува наскоро да пристигне, а јапонскиот бренд ја започна својата тизер кампања, објавувајќи фотографија од ентериерот на новата генерација на кросоверот, заедно со неколку технолошки карактеристики.

Централната конзола делува еволутивно во однос на актуелната генерација, а инфозабавниот систем е нешто поизместен. Благодарение на 9-инчниот екран на допир, се овозможува пристап до навигација, конективност со паметен телефон и музика. Тука е и 12,3-инчниот TFT екран зад редизајнираниот управувач, а моделите во повисоко ниво на опременост ќе добијат и 10,8-инчен head-up екран, за кој Nissan вели дека е најголемиот во сегментот.

Бежичната постава за полнење на телефони исто така е во игра, а меѓу останатите карактеристики вклучени се и тапацирот од Nappa кожа, масажерските функции за предните седишта, греењето на седиштата и управувачот, белото амбиентално осветлување, Bose аудио-системот, Wi-Fi за седум уреди и NissanConnect услугите.

Nissan Qashqai

Оваа апликација им овозможува на сопствениците да комуницираат со автомобилот, а може да биде поставен да добива предупредувања за брзината, времето и зоната. Исто така, тука е и Vehicle Health извештајот кој информира за „здравјето на автомобилот“ преку апликацијата. Новите ергономски дизајнирани отвори на вратите овозможуваат полесен влез и излез од возилото. Новиот Qashqai ќе пристигне и со поголем капацитет за складирање и 74 литри поголем багажник.

Производството на Nissan Qashqai ќе започне во Сандерленд, Велика Британија, а официјалната презентација на возилото се очекува кон почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button