fbpx

Повторно се „чешла“ документацијата на Nissan?!

Службеници од државното Министерство за Земјоделие, Инфраструктура, Транспорт и Туризам на Јапонија ја преиспитуваат документацијата во седиштето на Nissan Motor Co. во Јокохама

Ова го потврди јапонската новинска агенција Kyodo.

Акцијата на властите е дел од истрагата за скандалот што избувна во октомври, кога се покажа дека по најновите безбедносни проверки на Nissan спроведени врз вработените немаа потребни квалификации. Целта на службениците е да се утврди точноста на документите за случајот со вработените што им ги понудил производителот во претходното „чешлање“на компанијата. Имено, во октомври, претставниците на истото министерство „претресоа“ повеќе компании во Јапонија.

Потоа, беше откриено дека во најмалку пет од компаниите има персонал што е недоволно квалификуван за одредени дејности. Компанијата беше принудена да го запре производството, со што е направена голема штета, во текот на месецот беа пласирани 40% помалку возила во однос на октомври 2016 година. Производителот, исто така, мораше да започне со дополнителен сервис на 1,2 милиони автомобили од 20 различни модели. Сите се произведени по октомври 2014 година во Јапонија.

Поврзани вести

Back to top button