fbpx

Nissan со различен Leaf за Јапонија

Autech објави информации за новата специјална верзија на најпродаваниот електричен автомобил во светот - Leaf

Одделот на Nissan – Autech кој е задолжен за дополнително подесување на автомобилите, објави информации за новата специјална верзија на најпродаваниот електричен автомобил во светот – Leaf.

Специјално доработениотт Nissan Leaf Autech кој е четврти тематски проект на компанијата по Serena, Note и X-Trail, ќе биде пуштен во продажба во Јапонија кон крајот на следниот месец и ќе предложи на идните сопственици уште повисоко ниво на стил и персонализација во споредба со стандардата изведба.

Nissan

Nissan Leaf Autech ќе биде достапен за нарачка во неколку основни комбинации на бои, но главниот акцент ќе паѓа врз специјално развиената модификација Aurora Flare Blue Pearl. Надворешноста на автомобилот се одликува со тематски метални апликации и специјални предни светла, а во внатрешноста има уникатност во дизајнот, кожен салон, предна табла со уникатен финиш и висококвалитетни декорации.

Во почетокот на март оваа година, Nissan објави дека првиот во светот сериски достапен електромобил во светот – Leaf, запишал ново рекордно достигнување, откако стана првиот електричен автомобил чија границата помина повеќе од 400.000 единици.

Поврзани вести

Back to top button