fbpx

Nissan објави револуционерна технологија Brain-to-Vehicle

Nissan понуди први детали и видео на целосно новата технологија Brain-to-Vehicle, за зголемување на активната безбедност и комфорот во автомобилите што брендот ќе ги претстави за прв пат за време на CES 2018 во Лас Вегас, кој започнува на 9 Јануари

Nissan технологијата Brain-to-Vehicle (B2V) ветува дека ќе ја подобри реакцијата на автомобилот и ќе ги направи возилата уште попријатни за управување. Имено, системот се „потпира“ на мозокот на возачот и неговите намери и како резултат на тоа, возилото почнува да реагира (да врти на пример) уште пред раката на возачот да го „сторила“ потребното движење. Ова не само што го олеснува возењето, туку и ја подобрува безбедноста на патиштата и задоволството при управувањето.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=oCi6taII6Yo

Претекнувајќи ја реалната реакција на возачот, Nissan Brain-to-Vehicle може да го преземе потребното дејство порано, да почне со вртење или да ги активира сопирачките, за 0,2 до 0,5 секунди порано, а во исто време оваа интервенција да остане речиси незабележана.

Brain

Уникатната за светот B2V технологија може да биде интегрирана и во возила со автономно управување, а при регистрирање на непријатност кај возачот, вештачка интелигенција може да активира различни режими на однесување на патот и подесувања на возилото. Со помош на виртуелната реалност, Nissan Brain-to-Vehicle може буквално да ја преуредите ситуацијата во кабината, да ја направи порелаксирачка при подолги патувања.

Поврзани вести

Back to top button