Nokia лансира Интернет на Месечината
Германската компанија PTScientist и Nokia планираат да изградат интернет врска од четвртата генерација меѓу Земјата и Месечината
Финците веќе ја развиваат најкомпактната базна станица што некогаш е создадена- нејзината тежина ќе биде под еден килограм. 4G-LTE е избран поради неговата повисока енергетска ефикасност од аналогното радио, кое во моментов се користи во вселената. Модулот за комуникација ќе работи на 1800 MHz.
Целта е лунамобилите на Audi, кои ќе бидат испратени нa сателит во блиска иднина, да можат да пренесуваат информации и слики со висока резолуција во реално време.
Мобилниот оператор на Vodafone, кој ќе биде одговорен за поставување на опремата, ќе биде вклучен во мисијата за покривање на 4G Moon.