fbpx

Нова цена за дизелот, кај бензините нема промени

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на дизелот и бензините во нашата земја

Согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати кај нас, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената за 1,38 проценти во однос на претходната одлука. Конкретно, РКЕ реши да го поевтини дизелот, додека цената на бензинот останува иста.

Во конкретни бројки, ова значи намалување на цената на дизелот за цели три денари за секој литар во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 92 денари по литар, додека Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по истата цена како и досега, односно 84,50 денари за „95-ка“ и 87 денари за секој литар „98-ка“.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат поскапување кај бензинот за 1,8 проценти, односно намалување кај дизелот за речиси четири проценти.

Поврзани вести

Back to top button